Полнети печурки со шунка и павлака

Полнети печурки како вистински деликатес

Направете ги највкусните полнети печурки. Потребни ви се само неколку минути за вкусно уживање и за домашни дружења со пријателите.

Состојки:

  • 500 гр шампињони
  • 100 гр рендано сирење
  • 100 гр шунка Пекабеско
  • 50 мл кисела павлака Пекабела
  • 1 лук
  • масло
  • сол и бибер

[/ingredients]

[directions title=”Подготовка:”]

  1. Печурките се чистат со четкичка или мијат и им се вадат дршките, а лукот се сече и се пропржува на масло.
  2. Се додава ситно исечканата Пекабеско шунка заедно со лукот, па павлаката и зачините и потоа со смесата се полнат печурките.
  3. Се печат на плех околу 10 минути на 180 степени.
  4. Се става сирење, па се печат уште 15 минути за да се растопи.
  5. На здравје!

[/directions]

На здравје!

 

Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on Twitter