Крањска рецепт 1

Фантазија рецепт: Крањска со зеленчук

За брз, а вкусен ручек или кога сте на одмор. Сè што ви треба за одличен ручек за цело семејство е вкусниот крањски колбас и многу зеленчук. Еве го рецептот:

Состојки:

  • 1 тиквичка
  • 1 морков
  • 3 чешниња лук
  • 2 лути пиперки
  • 1 Блага пиперка
  • 1 глава кромид
  • 3 крањски колбаси на Пекабеско
  • 3-4 јајца (по вкус)

Крањска рецепт 3

Начин на готвење:

  1. Пекабеско крањскиот колбас исечете го на кругчиња со средна дебелина.
  2. Ставете го зеленчукот да се запржи со малку масло за готвење. Пржете на среден оган околу 10-15 минути, потоа додадете ги колбасите и пржете на силен оган уште 10 минути.
  3. По вкус можете да додадете и јајца. Во овој случај промешувајте почесто.

На здравје!

ИДЕЈА: Следниот пат кога ќе ја правите оваа вкусна комбинација наместо Крањска можете да употребите Пекабеско Македонски тенок колбас или скараџиски премиум. Исто така, комбинацијата на зеленчукот можете да ја менувате по ваш вкус.

На здравје!

Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on Twitter