Денеска, во вистинска смисла на зборот времето вреди многу пари. Затоа, ви предлагаме Пекабеско рецепт кој буквално ќе го направите за 5 минути. Останатото е печење во загреана рерна, а вие во меѓувреме ќе си завршите некоја друга работа 🙂
Состојки:
- 4 компири
- 100 гр Пекабеско шунка
- 100 гр кашкавал
- 200 мл павлака Пекабела
- зачини по вкус
Начин на подготовка:
- Компирите ги лупиме и убаво ги миеме. Вдлабнуваме 3 помали дупчиња на секој компир кои ќе ги употребиме за полнење на компирот.
- Пекабеско шунката и кашкавалот ги рендаме или сечкаме на коцки – како што ви е полесно. Ги ставаме во сад и ја додаваме Пекабела павлаката. Мешаме додека смесата не стане компактна.
- Рамномерно го полниме секое дупче со смесата. Ставаме да се пече во подмачкан плех со масло за јадење во загреана рерна на 180 степени околу 30 минути.
[/directions]
На здравје!