Пекабеско предлог за вкусен ручек кој често ќе го приготвувате. Едноставен е, а многу вкусен и можете секаде да го направите.
Состојки:
- 2 моркови
- 1 тиквичка
- 1 главица кромид
- 200 гр Пекабеско шунка
- 150 гр кашкавал Ирко
- 1 пиперка
- 3 јајца
- 100 мл млеко Пекабела
- 6 парчиња тост леб
Начин на подготовка:
- Морковот го чистиме и го ставаме да се обари.
- Кромидот ситно го сечкаме. Пекабеско шунката и тиквичката ги сечкаме на коцки. Пиперката и обарениот морков ги сечеме на тркалца, а лепчето на коцки.
- Во тава на масло го ставаме кромидот да се пропржи. Понатаму, ги додаваме шунката и пиперката. Динстаме додека да заруменат, па ги додаваме морковот и тиквичката. Пропршуваме уште кратко и ја тргаме тавата од оган.
- Во посебен сад ги матиме со вилушка јајцата со млекото Пекабела. Го додаваме лебот и промешуваме додека лебот да ја впие смесата.
- Натопените лепчиња го додаваме во тавата со останатите состојки која ја тргнавме од оган. Промешуваме додека се стане компактно. Зачинуваме по вкус.
- Тавата за печење на премачкуваме со зејтин и рамномерно ја распоредуваме целата смеса. Одозгора го рендаме кашкавалот.
- Печеме на температура од 180 степени 20 до 25 минути додека убаво не порумени како на фотографијата.
- Исечете на четвртинки или осминки и сервирајте ја питата.
ИДЕЈА: Следниот пат кога ќе ја правите оваа вкусна пита наместо шунка можете да ставите Пекабеско сланина која ќе даде крцкав вкус. Исто така, комбинацијата на зеленчукот можете да ја менувате по ваш вкус.
На здравје!