Лепчиња со кашкавал и кулен појадок за викенд

Брз и вкусен појадок кој ќе го правите секој викенд

Викендот сакаме да одмориме, но и да да готвиме вкусни јадења за кои ќе поминеме помалку време во кујната. Пекабеско ви претставува еден таков рецепт.

Состојки:

  • 10 парчиња леб
  • 50 гр маргарин
  • 250 гр кашкавал Интерлад
  • 5 јајца
  • 1/2 шолја млеко Пекабела
  • 20 парчиња Пекабеско кулен
  • сол
  • бибер
  • масло за готвење

Начин на подготовка:

  1. Тавата за печење ја подмачкуваме со масло за готвење. Ги редиме лепчињата по целата површина, а ги пополнуваме со парчиња леб сите празнини кои ќе се појават.
  2. Врз лепчињата ставаме парчиња маргарин рамномерно распоредени по целата површина.
  3. Кашкавалот Интерлад го рендаме и го нанесуваме врз лепчињата со маргарин.
  4. Во сад рачно ги матиме јајцата. Ги зачинуваме по вкус и им го додаваме Пекабела млекото. Ја истураме смесата рамномерно.
  5. Ставете да се пече на температура од 180 степени додека не порумени. Извадете ја тавата и додека е топло наредете ги парчињата Пекабеско кулен.

[/directions]

Сервирајте топло и очекувајте сите да ви побараат репете 🙂

На здравје!

Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on Twitter