Пица деликатес сува печеница

Рецепт за вистински пица деликатес

Богата пица со состојки, а се прави многу брзо. Резултатот е вистински деликатес за ручек и презадоволни гости 🙂 Еве што ви е потребно:

Состојки:

  • 1 готово тесто за пица
  • 100 гр рикота
  • 100 гр сув врат или друг Пекабеско производ по вкус
  • 100 гр рукола
  • маслиново масло
  • шери домат за декорација

Начин на подготовка:

  1. Готовото тесто за пица го премачкуваме со маслиново масло.
  2. Го ставаме во претходно загреана рерна да омекне и малку да се запече.
  3. Потоа тестото го вадиме од рерна, го премачкуваме со рикотата и ја нанесуваме Пекабеско сувата печеница исечкана на многу тенки парчиња. Како замена за рикотата можете да искористите неутрална урда или сирење.
  4. Печеме 10-15 минути на 180 степени. По десет минути ја вадиме пицата од рерна и ја додаваме и свежата рукола.
  5. Декорираме со шери домат исечен на 4 дела.

Штом го направите овој пица деликатес, сите ќе ви го бараат рецептот 🙂

На здравје!

Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on Twitter