Вкусен увијач, збогатен со разновидни состојки. Вистинско зимско јадење и гурманско доживување.
Состојки:
- 500 грама пилешки стек или свинско филе
- 150 грама Пекабеско шунка
- 150 грама Ирко ајдамер
- тенко сечена Пекабеско сланина
- сол, црн бибер и други зачини по вкус
- сенф по вкус
Начин на подготовка:
- Пилешкиот стек или свинското филе се чукаат и се зачинуваат по вкус.
- Се остава 10 минути па потоа на секое парче месо се додава по 1 парче кашкавал и ситно сечканата шунка.
- Потоа секој увијач се витка во ролна и се обвиткува со парче сланина. Со помош на чепкалки или готварски конец се врзуваат краевите.
- Увијачите се печат се додека не поруменат.
- Се послужуваат со тартар сос, компири или гарнир од замрзнат зеленчук.
На здравје!