Викенд ручеците се вистински празник за секоја фамилија. Затоа, покрај традиционалните вкусни јадења, одвреме навреме пригответе некој нов специјалитеткој сите ќе ги воодушеви.
Еве го Пекабеско предлогот:
Состојки:
- 400 гр мелено месо
- 200 гр Пекабеско сланина
- 150 гр кашкавал Интерлад
- 150 гр печурки
- маслиново масло и зачини
Начин на подготовка:
- Во тавче се реди Пекабеско сланината која претходно е исечена на долги и тенки парчиња.
- Врз сланината се става меленото месо (свинско, говедско или измешано) кое е зачинето со црн и црвен бибер, сол и нане.
- Откако ќе го ставите меленото месо, врз него ги додавате печурките,а најодозгора Интерлад кашкавалот.
- Ставете малку маслиново масло и буковец.
- Краевите од сланината преклопете ги преку состојките и ставете да се пече 35-40 минути на температрура од 180 степени.
[/directions]
Гурманската домашна плескавица сервирајте ја на четвртини.
На здравје!